ВестиПопуларно

Катица Јанева е вработена кај синот и секој ден го напушта Идризово и си се појавува на работа?!

Неодамна се дозна дека бившата специјална обвинителка, Катица Јанева, секој ден го напушта затворот Идризово, оди на работа, па потоа се враќа зад решетки

Додека ние сите си мислиме дека Катица Јанева е зад решетки, таа лабаво си излегува секој ден и си оди на работа кај нејзиниот син Лазар Јанев. Ова го потврди и самата Катица на нејзиниот фејсбук профил.

Јанева ја доби оваа привилегија поради фактот што таа го има прележано поголемиот дел од казната, 5 години од вкупно 7.

Јанева беше уапсена во случајот „Рекет“ на 21-ви Август, 2019 година, по што и беше дадена 7 годишната пресуда поради злоупотреба на позицијата. Како што се шпекулира, Јанева работела како библиотекарака во затворот Идризово и исто така користела други бенефиции кој ги нуди затворот.

Катица Јанева беше прогласена виновна за случајот „Рекет“ на 18 Јуни, 2020. Таа беше испратена во Идризово на 23 Јули, 2021 година.