Кејт Мидлтон во солзи, Вилијам бесен: Фотографиите го обиколуваат светот, што се случува во нивниот брак?
За време на дочекот во Бакингемската палата е снимен момент кој го привлече вниманието на јавноста
Сè повеќе потези на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја наведуваат јавноста да верува дека нивниот брак е при крај – ако веќе не е. Иако и двајцата се обидуваат да ги игнорираат озборувањата кои кружат во последните десет месеци, поврзани со наводното неверство на Вилијам и здравствените проблеми на Кејт, нивното однесување во јавноста често предизвикува шпекулации за разводот и недостатокот на љубов во нивната врска.
Неодамна повторно се појавија гласини за аферата на принцот Вилијам со Лејди Роуз Ханбери, Маркионес од Чолмондели, но сега во фокусот се појавија приказни за неговите наводни хомосексуални врски.
Се зборува за неговата блискост со командантот Роб Дискон, соработник на Бакингемската палата, како и со поранешниот директор на фондацијата Вилијам и Кејт, Џејсон Кнауф, кој претходно беше секретар за односи со јавноста на принцот Хари и Меган Маркл.
Покрај сето тоа дополнително внимание предизвикаа и фотографиите на кои Кејт плаче, додека Вилијам изгледа луто на неа. Ситуацијата се случи за време на посетата на емирот на Катар Тамим ибн Хамад ал Тани и неговата сопруга Џавахер на Велика Британија.
Вилијам и Кејт ги пречекаа заедно со кралот Чарлс, кој дополнително ги поттикна гласините за проблеми во нивниот брак со целосно игнорирање на својата снаа за време на состанокот.
„Кејт сака Вилијам да ја допира“
За време на приемот во Бакингемската палата е снимен момент кој го привлече вниманието на јавноста – на видеото принцот Вилијам се обидува нежно да ја допре Кејт Мидлтон за грбот. Сепак, движењето на нејзините раменици изгледа како да се обидува да го избегне или одбие неговиот допир.
Вилијам бесен, Кејт со насолзени очи
Фотографиите на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во автомобилот кои привлекоа најголемо внимание, на кои јасно се гледа дека очите на принцезата се исполнети со солзи, додека Вилијам изгледа замислен и изнервиран, гледајќи настрана. На следната слика, принцот е свртен кон Кејт со сериозен израз на лицето, делува луто и како нешто да и кажува низ стиснати заби.
Јавноста веднаш го протолкува овој момент како обид за разрешување на несогласувањата на јавно место, со коментари дека очигледно немало контрола на емоциите дури и за време на ваков значаен настан. Наместо вообичаената фасада на хармоничен пар, овој пат изгледа преовладуваше тензија.
Се уште нема официјални изјави или реакции од Кенсингтонската палата за шпекулациите поврзани со нивниот брак, но нема ниту деманти, што дополнително ги подгрева шпекулациите. Останува да видиме дали ќе има официјално соопштение или парот ќе се обиде да прикаже среќна врска на следното појавување во јавноста, како што тоа често го правеа по претходните гласини за проблеми.