ВестиПопуларно

Кога животот на твоите најмили е поважен од твојот: Пензиониран УФЦ борач се фрли во оган за да ги спаси родителите

Марк Колман, поранешен УФЦ светски шампион во тешка категорија се најде во незавидна позиција откако во 4 часот наутро, забележи дека куќата на неговите родители гори!

Трагедијата се случи во раните утрински часови во вторникот на 12 март, кога Марк беше разбуден од неговото куче “Хемер” во 4 часот наутро во куќата каде што растел, каде што беше во посета на своите родители.

Марк успеал да ги извади родителите од куќата но потоа се вратил по кучето, коешто за жал не можел да го најде. Откако излегол од куќата веднаш паднал во несвест од премногу вдишување чад па со хеликоптер бил директно пренесен во болница.

Докторите веднаш го ставиле Колман во индуцирана кома по што се огласи фамилијата на социјалните мрежи изјавувајќи „Моментално нашиот татко се бори за живот“

Два дена откако се случила несреќата, Колман се разбудил во болница и за вистинско чудо тој можел самостојно да диши, без помош на апарати.

Кога се разбуди, тој раскажа што всушност се случило. „Јас сум најсреќниот човек на светот. Имам многу среќа. Не ми се верува дека ми се живи родителите“.

Потоа продолжи „Додека да излезам од мојата соба, веќе не можев да дишам. Морав да излезам надвор за да земам воздух, па се вратив да ги извадам мајка ми и татко ми. После тоа се вратив да го барам Хемер ама го немаше никаде“ – кажа Колман во солзи

Видеото каде Колман се сретнува повторно со семејството може да го видите подолу.

Откако се случи трагедијата, ќерката на Колман, Морган, започна „GoFundMe“ за да се соберат пари за лекувањето на татко и. Целта е да се соберат 100 илјади долари а моментално се многу блиску со 97 илјади.