Комични Твитер (X) реакции за хаосот со документите: „Сите кредити заверени на нотар без Северна Македонија нема да важат “
Хаосот со документите продолжува. Што би се рекло на Твитер, делува како да сме реално шоу кое се гледа во некоја друга димензија.
По вчерашните објави дека полицијата ќе ги казнува возачите што немаат возачка дозвола со името Северна Македонија, и покрај најавите дека документите за внатрешан употреба ќе ни важат, реакциите не стивнуваат.
Реагираше и претседателот на Македонија, Стево Пенадаровски, кој соопшти дека граѓаните едноставно не смее да се казнуваат, а потоа додаде и дека ќе се донесе закон со кој возачките дозволи ќе важат уште 10 месеци.
Интересни се и некои од реакциите на платофрмата “X”. На пример, некој на шега пишува дека кредитите без Северна веќе нема да важат, а актерот Драган Спасов Дац напиша дека ни венчаниците со „Република Македонија“ веќе нема да важат, односно дека во вторник на полноќ не сте веќе во брак.