Копилотот се заклучил и го НАСОЧИЛ АВИОНОТ КОН ПЛАНИНА! Пилотот се обидел да ги скрши вратите со секира, а потоа следувал ХОРОР: Меѓу жртвите – цело одделение од германско училиште
Германија пред два дена одбележа 10 години од трагичниот пад на авионот на „Germanwings“, кој намерно го урна копилотот на летот Барселона-Дизелдорф.
– Авио-несреќата на „Germanwings“ е дел од историјата на нашиот град: овој шок и вечното прашање „зошто?“ сè уште не прогонуваат секој ден – изјави Андреас Штегеман, градоначалник на западногерманскиот град, за време на комеморацијата.
Од овој град беа 16 жртви на несреќата, сите ученици и професори од гимназија, кои патувале за Барселона.

Заклучен копилот го насочил авионот кон планината
Веднаш по полетувањето од Барселона, на 24 март 2015 година, авионот на „Germanwings“ (денешен „Еуровингс“) почнал нагло да губи висина и со полна брзина се срушил во подножјето на француските Алпи, во близина на Ле Верне.
Истрагата утврди дека несреќата била намерно предизвикана од копилотот Андреас Лубиц, кој се борел со психички проблеми и на овој начин сакал да изврши самоубиство. Додека капетанот на авионот бил во тоалет, Лубиц се заклучил во кабината и го насочил авионот кон планината. Пилотот очајнички се обидувал да влезе назад, молејќи го копилотот да ја отвори вратата, дури се обидувал да ја разбие со секира – додека исплашените патници беспомошно гледале што се случува. За жал, ниту еден обид не бил успешен, и Лубиц ја спровел својата намера – сите 150 патници и членови на екипажот загинаа во трагедијата.
Комеморации беа одржани и на местото на несреќата, како и на аеродромите во Барселона и Дизелдорф.

Промени во безбедносните правила по трагедијата
Трагедијата со „Germanwings“ донесе значајни промени во авио-безбедноста, вклучувајќи ново правило според кое во секој момент мора да има најмалку две лица во кабината на пилотите.
Оваа несреќа ја натера „Луфтханза“, сопственикот на „Germanwings“, да воведе поригорозни и потранспарентни проверки на психофизичката состојба на персоналот што работи на критични позиции.
