Кралицата Елизабета планирала да ги избрка Хари и Меган од дома?
Пред нејзината смрт, покојната британска кралица Елизабета Втора планирала да се „ослободи“ од Хари и Меган така што ќе ги исфрли од нивниот дом во Виндзор.
Пред нејзината смрт, покојната британска кралица Елизабета Втора планирала да ги истера принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл од нивниот дом во Виндзор, познат како Фрогмор, со намера да му дозволи на принцот Ендру да се пресели, се вели во новата книга на писателот Роберт Хардман, пишува Дејли мејл.
Хардман тврди дека кралицата Елизабета Втора сакала да му најде втор дом на Ендру подалеку од Кралската ложа, замок со 30 соби во Големиот парк Виндзор, за да ги намали неговите трошоци.

Овој потег требаше да вклучи војводата и војвотката од Сасекс да бидат исфрлени од Фрогмор, пишува Дејли Меил.
Во книгата се наведува и дека луѓето блиски до кралското семејство го опишале принцот Ендру и неговиот персонал како „насилници“.

Обвинувањата доаѓаат по медиумските извештаи дека кралот Чарлс одлучил да ги прекине финансиските врски со обесчестениот војвода од Јорк, намалувајќи го неговиот годишен додаток од 1 милион фунти.
Според британскиот таблоид, кралот продолжува да презема чекори за јавно да се дистанцира од својот брат, поради неговата поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн.

Бакингемската палата во јули оваа година објави дека Фрогмор е празен повеќе од една година, откако Хари и Меган официјално ја напуштија резиденцијата по патувањето во Калифорнија.
