Лоши вести од Србија! Вучиќ: Данка е убиена, уапсени две лица кои го признале делото
Полицијата уапсила две лица кои ја убиле двегодишната Данка Илиќ и тие го признале делото, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица, кои, ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото. Со какви чудовишта си имаме работа – изјави српскиот претседател.
Полицијата оди кон местото каде што го закопале нејзиното тело, додаде Вучиќ.