„Лустерот и мебелеот се тресеа“ Земјотресот во Црна Гора ја разбуди цела поранешна Југославија
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја потресе територијата на Црна Гора во четири часот и шест минути, а тресењето на земјата е почувствувано и во Србија, како и во Босна и Херцеговина.
Колку бил силен земјотресот сведочат и корисниците на социјалните мрежи.
„На 450 километри од дома ме „разбуди“ земјотрес во 4 часот. Лустерот на скалите се нишаше толку многу што се вклучи аларм кој го препозна движењето во просторот“, стои во објавата во која објавена е фотографија од ходникот.
Некои корисници известуваат дека земјотресот бил почувствуван во Краљево.
Тресењето се почувствувало и во Хрватска
За потсетување, Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот бил на пет километри југозападно од Чараѓе во општина Плужине. Фокусното место беше на длабочина од 14 километри.
Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека нивните сеизмографи забележале силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала на 56 километри североисточно од Дубровник.
Кратко по првиот потрес, во 4 часот и 14 минути се случи нов земјотрес со малку послаб интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала, но овој пат од босанската страна на границата. Во 4 часот и 30 минути следеше уште еден земјотрес со ист интензитет на територијата на Црна Гора.
Најсилното тресење е почувствувано низ цела Далмација, особено во областа Дубровник, но и во Сплит и Шибеник, јавуваат локалните медиуми.
„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“, „Многу долг земјотрес“, велат граѓаните на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои утрово во 04:06 часот ги разбуди многу силен земјотрес што ја погоди Црна Гора.