ВестиПопуларно

Македонија е хумана нација: ДНК собраа 690.000 денари со лицитацијата на Златната бубамара за лекувањето на Леонид

Македонската група ДНК објави дека наградата Златна бубамара на популарноста завршила во рацете на Кирче Митрески од Охрид кој ја дал најголемата понуда на лицитацијата, односно 250.000 денари.

Пред неколку дена на 27-то издание на Златна бубамара, ДНК се закити со награда за Песна на годината за нивниот хит „Посреќна“ .

Но, тоа што го направија тие неколку дена по манифестацијата е доказ за нивната човечност и хуманост. ,Дечките од ДНК решија наградата да ја стават на лицитација за помош за лекување на Леонид Индов кој минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција што предизвикала сериозна повреда на ‘рбетниот мозок, а месецов беше транспортиран со хеликоптер на лекување во Виена.

„Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе.

Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Filip Patrikliski (Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце. Ви Благодариме. Ваши, Панчо и Андреј“, стои во објавата на ДНК на Фејсбук.