ВестиПопуларно

МВР со нова функција за онлајн проверка на готови пасоши

Министерството за внатрешнин работи објавија дека граѓаните на Град Скопје кои се фотографиле по редовна постапка на пунктовите “МТВ” и “Пролет” ќе можат да го проверат статусот на нивниот пасош!

Оваа нова функција ке овозможи проверка на статус на пасошот, односно дали истиот е спремен за подигнување или сеуште е во изработка. Исто така значително ќе ги намали гужвите кои се правеа бидејќи граѓаните мораа да чекаат со часови само за да дознаат дека пасошот не им е спремен.

Во тек е и надградување на овој систем со цел оваа функционалност да биде достапна за сите пунктови.

Проверката моше да се направи на следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/document_status