Мистериозен случај! Пронашле тело на фризерка на оддалечен остров! Очајното семејство: „Потресени сме“
Иако причината за смртта сè уште не е позната, и полицијата и родителите изјавиле дека таа не е убиена и дека нема осомничени. Полицијата ќе поднесе пријава до државниот правобранител.
Жителите и полицијата во Надворешни Хебриди го пронајдоа телото на исчезнатата шкотска фризерка во неделата, 24 ноември. Шанахан Мекинес (28) исчезнала во околу 02:30 часот во петокот на 22 ноември на островот Бенбекула. Околу 60 лица, меѓу кои и жители, полицајци и крајбрежна стража, тргнале во масовна потрага, пишува “Mirror”.
„Апсолутно сме уништени од оваа загуба. Нејзината смрт е трагична. Никој не е виновен“, рекоа родителите. Кога последен пат беше видена, Мекинес носела бордо тренерка и бели “Nike” патики. Нејзините родители објавија на социјалните мрежи дека ја оставила чантата, телефонот и клучевите во автомобилот.
Иако причината за смртта сè уште не е позната, и полицијата и родителите изјавиле дека таа не е убиена и дека нема осомничени, полицијата ќе поднесе пријава до државниот правобранител. Салонот за коса и убавина “Shore Room” во кој работела Мекинес е затворен до понатамошно известување.
„Благодарни сме за поддршката и убавите зборови што ги добивме по смртта на нашата драга Шанахан“, напишаа на својот Фејсбук профил.