„Ми остануваат уште четири дена живот!“ – Драматична објава на жртвата на сексуално злоставување од принцот Ендру (ФОТО)
Вирџинија Џуфре, жената која го обвини Џефри Епштајн и принцот Ендру за сексуално злоставување, објави на социјалните мрежи дека наводно ѝ остануваат само уште четири дена живот, откако доживеала тешка сообраќајна несреќа.
На Инстаграм сподели фотографија од болнички кревет, покриена со модринки, за кои тврди дека се последица на судирот.
Наведе дека ѝ откажуваат бубрезите и дека „моли да ги види своите деца последен пат пред да умре“.
„Ми остануваат уште четири дена живот, ме префрлија во специјализирана уролошка болница. Оваа година започна на најлош можен начин, но нема да ве оптоварувам со детали“, напиша таа покрај фотографијата.
Вирџинија исто така откри дека автобус удрил во нејзиното возило со брзина од 110 км/ч, при што автомобилот бил целосно уништен.
Деталите за местото и времето на несреќата не се познати.

Дури и нејзиниот татко бил шокиран од нејзината објава. „Вирџинија, ќерко моја, те сакам и се молам да добиеш соодветен третман за да можеш да продолжиш да живееш долг и здрав живот“, напиша тој.