ВестиПопуларно

Монструозно злосторство што го потресе целиот регион: Габриела (26) и Красимир (34) мачеле и убивале животни, а снимките ги продавале за стотици евра – сè поради болен фетиш

Шокантен случај на насилство врз животни неодамна ја потресе Бугарија, предизвикувајќи силна реакција во јавноста, откако бугарските државјани Габриела Сашова (26) и Красимир Георгиев (34) беа уапсени и обвинети за монструозни злосторства – мачење и убивање десетици мачки, зајци и морски прасиња.

Истражните органи открија дека Габриела и Красимир ги убивале животните на најбрутален можен начин. Според непотврдени информации, само кучињата не биле меѓу нивните жртви.

Парадоксално, Габриела имала куче по име Леа, кое го прикажувала на социјалните мрежи како сакан миленик.

Снимки со брутални убиства, сексуална злоупотреба и садистички чин

Меѓу откриените видео-снимки се наоѓаат убиства, мачења, сексуални злоупотреби и садомазохистички постапки врз животните, што ја шокираше јавноста.

Според истрагата, злосторствата се случувале од септември 2022 до јануари 2025 година, како во Бугарија, така и во странство.

Габриела е обвинета како директен извршител, додека Красимир е осомничен како соучесник.

Снимале насилство и го продавале за стотици евра

„Веќе 2-3 години снимаат видеа со насилство врз животни. Клиентите им се од целиот свет, но засега нема информации дека во ова учествувале бугарски државјани“, соопшти обвинителството на итна прес-конференција.

Двојката ги продавала видеата на луѓе со фетиш за суровост кон животни, користејќи ценовник од 50 до 700 евра, во зависност од животното.

Плаќањата биле вршени преку криптовалути и различни онлајн платформи.

Во ноември минатата година, дури имале специјална „Црн петок“ понуда за одредени видеа.

Со парите од продажбата на овие монструозни видеа, Габриела и Красимир успеале да купат недвижнини.

Бес во јавноста и реакција на властите

Покрај обвиненијата за насилство врз животни, најомразеното дуо во Бугарија се соочува и со обвиненија за перење пари.

Случајот предизвика масовни протести во неколку градови, а Министерството за правда веќе подготвува предлог за построги казни за вакви кривични дела.

Според член 325б од бугарскиот Кривичен законик, максималната казна за вакви злосторства е четири години затвор, што многумина го сметаат за премногу благо.

Градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров, изјави дека Сашова и Георгиев се непожелни во градот.

„Собраните докази се валидни, а видео-снимките моментално се форензички анализирани. Заклучоците од оваа анализа ќе бидат користени како докази на суд.

Покрај тоа, се работи на идентификација на сведоци.

Обвинетите засега одбиваат да дадат изјави“, соопштија надлежните.

Мајката на Габриела дополнително ја разлути јавноста

Дел од јавноста дополнително беше разгневена од реакцијата на мајката на Габриела, која на социјалните мрежи оставила провокативен коментар:

„Ако сте толку храбри, знаете каде да ме најдете.“

Новинарите се обиделе да стапат во контакт со неа, но таа одбила да разговара и не излегувала од домот.

„Беше нормална и добра девојка“ – шок кај познаниците

Познаниците на 26-годишната Габриела се во шок.

„Никогаш не би очекувала вакво нешто од неа. Беше нормална, добра девојка.

Очигледно се вплетка со погрешни луѓе.

Порасна во љубов и внимание. Не можам да поверувам дека е способна за вакви работи“, изјави нејзината познаничка Симона.

Иако осомничените немале криминално досие, тие користеле апликации како Телеграм за дистрибуција на снимките, кои, според истражителите, не биле споделувани преку „dark web“.

Јавноста бара правда

Граѓаните сега бараат строга правда, додека властите најавуваат остри мерки за спречување на слични злосторства во иднина.