„МОРАМЕ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ВАШАТА СЕСТРА ПОЧИНА“ Откако викна полиција, семејството остана без зборови од болка, минута подоцна – следеше животен шок!
Во Њујорк, Шила Нагенгаст добила трагичен повик од локалната полиција
Таа била информирана дека нејзината сестра, 44-годишната Денис Овен, загинала во сообраќајна несреќа во Стејтен Ајленд на 31 октомври.
Оваа страшна вест го погодила семејството, а Шила набрзо се обратила кај адвокат за правна помош, пренесува People.
Но, тогаш Шила доживеа огромен шок – се јавила нејзината друга сестра и ја известила дека Дениз е жива и здрава, стои покрај неа! Оваа ситуација стана уште поболна за семејството.
Адвокатот на Шила, Џонатан Д’Агостино, истакна дека полицијата треба да биде повнимателна во идентификацијата и да ги следи протоколите за семејствата да бидат поштедени од непотребна душевна болка.
Њујоршката полиција набрзо се огласи, признавајќи ја погрешната идентификација за време на првичната истрага.
Тие подоцна точно ја идентификувале вистинската жртва и му се извиниле на семејството на Дениз Овен за конфузијата.