ВестиПопуларно

Направен прв чекор? Трамп најави средба со Путин за важна тема

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека планира да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин за да се реши војната во Украина. Ова го најави на конзервативната трибина Ам фест.

Според него, Путин се радува на оваа средба „што е можно поскоро“. И јасно стави до знаење дека и самиот очекува лична средба.

„Една од работите што сакам да ја направам и брзо … Претседателот Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Мораме да ставиме крај на оваа ужасна војна“, рече Трамп.