ВестиПопуларно

НАТО ја прави својата најголема база во Европа на само 500 километри од Македонија

На таа локација ќе може трајно да има 10.000 војници на НАТО и нивните семејства.

Во Романија почнала работа на најголемата воена база во НАТО во Европа.

Големината на малиот град, на површина од речиси 3.000 хектари, на таа локација ќе може трајно да има 10.000 војници на НАТО и нивните семејства.

Проектот вреден 2,5 милијарди евра, опфаќа писти, платформи за вооружување, хангари за воени авиони, но и училишта, градинки, продавници, па дури и болница, пренесува романски „Euronews“.

Базата Михаил Когалницчеану во округот Констанца ќе се претвори во најзначајна локација на НАТО во Европа.

Работата на проширување на базата е во полн ек, но кога ќе заврши, оваа база ќе стане најголема НАТО база во Европа, па ќе ја надмине и германската база Рамштајн.

„Таа база ќе стане најважната постојана воена структура на НАТО во непосредна близина на судирот на југот на Украина. Да не си замислуваме дека оваа војна ќе заврши оваа година, во 2025-та, 2026-та година, тоа е долгорочен судир“, истакнал Дорин Попеску, геополитички аналитичар.