Научниците во неверување: Откриен е необичен облик на мраз што не потекнува од Земјата и никогаш не се топи
Научниците открија суперјонски мраз – необичен облик на вода што останува цврст на екстремно високи температури и би можел да ги објасни магнетните полиња на Уран и Нептун
До сега верувавме дека мразот е само замрзната вода, нели? Меѓутоа, научниците сега пронајдоа нов облик на мраз, наречен суперјонски мраз, што претставува револуционерно откритие кое го менува нашето разбирање за физиката: овој мраз може да остане цврст дури и на температури од илјадници степени.
А ако се прашувате за што може да се користи ова откритие …
Дали Уран и Нептун ви звучат интересно? Овие две планети, кои се меѓу најзагадочните во нашиот Сончев систем, можеби се составени токму од оваа варијанта на вода.
Што е суперјонскиот мраз и зошто е толку необичен?
Можеби никогаш не сте размислувале за тоа дека постојат повеќе видови мраз, но суперјонскиот мраз, за разлика од обичниот мраз (кој е едноставно вода во цврста состојба), дозволува движење на атомите на водородот во неговата структура. Ова го прави исклучително посебен, бидејќи низ неговата структура атомите се движат како електрони низ метал.
Овој вид мраз се формира под екстремен притисок, што е и причината зошто научниците веруваат дека може да постои во внатрешноста на Уран и Нептун.
Создаден вештачки во лабораторија
Научниците успеале вештачки да ја создадат оваа супстанција пред пет години. Истражувачи од неколку универзитети во САД, заедно со лабораторијата Stanford Linear Accelerator Center (SLAC) во Калифорнија, неодамна открија нова фаза на суперјонскиот мраз.
Иако научниците првпат го создадоа овој мраз во лабораторија во 2019 година, новите истражувања открија уште понеобична форма – наречена мраз XIX, кој има уште поизразени електрични својства.
Ова откритие предизвика огромно внимание во научната заедница.

Клуч за разбирање на нашиот Сончев систем
Магнетните полиња на Уран и Нептун можеби се поврзани со овој необичен мраз. Двете планети имаат хаотични и нерамномерни магнетни полиња со повеќе полови, за разлика од Земјата, која има само два пола.
На нас, како жители на Земјата, водата ни е позната како едноставна молекуларна супстанција во облик на „буквата L“, составена од еден атом кислород и два атоми водород, кои при замрзнување остануваат во фиксен распоред.
Но, суперјонскиот мраз е целосно поинаков.
Според истражувачите, ако внатрешноста на Уран и Нептун содржи слоеви на суперјонски мраз со различни нивоа на спроводливост, тоа би можело да објасни зошто нивните магнетни полиња се толку неправилни.

Како беше откриен?
Суперјонскиот мраз е структура во која атомите на кислород се фиксирани во цврста кристална решетка, додека јонизираните атоми на водород се движат слободно низ неа, слично како електрони низ метал.
Најновото истражување доаѓа од Универзитетот Станфорд, а го водеше физичарката Аријана Глисон.
Таа користела метод во кој тенки слоеви вода биле ставени помеѓу два слоја дијамант, а потоа изложени на многу силни ласерски импулси. Ова довело до температури и до 5.000 Келвини (8.500°F).
Со помош на рендгенска анализа на кристалната структура, научниците откриле дека станува збор за целосно нов облик на цврста вода.

Што значи ова за идните истражувања?
Дифракционите обрасци (методи што овозможуваат визуализација на атомскиот распоред во материјалите) потврдиле дека оваа структура е различна од онаа што беше проучувана во 2019 година.
Новата форма на мраз има кристална решетка и уште поголема спроводливост, што значи дека овозможува полесно движење на јоните на водородот.
По ова откритие, научниците сега имаат мноштво нови прашања за водата во вселената.
Дали некаде постои живот што може да преживее во вакви екстремни услови?
Кој знае?
Следниот чекор за научниците е да продолжат со истражувањата и да спроведат нови експерименти за подобро разбирање на планетите што нè опкружуваат, пишува Union Rayo.