Научниците открија подводен настан кој може да го избрише целиот живот на Земјата
Научниците неодамна открија подводен настан кој речиси го збриша целиот живот на Земјата и фрли нова светлина на една од најголемите природни катастрофи во историјата!
Настанот, кој се случил пред приближно 250 милиони години, збришал 90 отсто од животот на планетата, што ја прави дури и посмртоносна од астероидот што ги уби диносаурусите.
Големото истребување е предмет на многу научни истражувања, но најновата студија, објавена во списанието Science, наведува дека климатските феномени како Ел Нињо можеби одиграле клучна улога во предизвикувањето на глобалната катастрофа.
Ел Нињо е добро познат феномен кој предизвикува драстично затоплување на морските површини, особено во централниот и источниот дел на Тихиот Океан. Овој феномен се случува кога температурата на морето во тропскиот источен Пацифик се зголемува за половина Целзиусов степен над долгорочниот просек. Научниците сугерираат дека овие климатски настани, заедно со вулканската активност, можеби предизвикале екстремни климатски промени кои доведоа до Големото изумирање.
Кинескиот научник Јадонг Сун тврди дека кислородните изотопи во фосилите укажуваат на можна значајна вмешаност на Ел Нињо во масовното истребување.
Повеќето животи не успеаја да се прилагодат на тие услови, но за среќа, неколку видови преживеаја, а без нив ние денес немаше да постоиме – рече Сан и додаде дека за малку ќе беше крајот на животот на Земјата.

Климатска нестабилност и губење на шумите
Научниците од кинескиот универзитет за геонауки и од Универзитетот во Бристол заклучија дека Ел Нињо значително влијаел на климатската варијабилност, предизвикувајќи големи промени што доведоа до уништување на шумите и другите екосистеми. Д-р Александар Фарнсворт од Универзитетот во Бристол, коавтор на студијата, објасни како самото затоплување на климата не може да предизвика вакво катастрофално истребување.
Нашето истражување покажа дека зголемувањето на стакленички гасови не само што го загрева поголемиот дел од планетата, туку ја зголемува и варијабилноста на временските и климатските услови. Ова ги прави уште понепредвидливи и потешки за опстанок – истакна Фарнсворт.
Иако вулканите одиграле важна улога во Големото изумирање, студијата посочува дека промените во климата и времето, предизвикани од Ел Нињо, можеби биле клучни за дестабилизирање на екосистемот. Ненадејните и нагли промени во температурата предизвикаа масовни миграции на видовите, но многумина не беа во можност да најдат услови доволно студени за да преживеат.
Нецелосни одговори, но јасни последици
Причината за Големото изумирање останува нејасна делумно поради недостатокот на фосилни докази и сложеноста на историските записи, меѓутоа, научниците се сигурни дека се случил голем настан со катастрофални последици. Катастрофалните климатски промени и вулканските ерупции се комбинираат за да создадат услови што повеќето живи суштества во тоа време не можеле да ги преживеат.
Истражувачите денес продолжуваат да ја проучуваат мистериозната епизода од минатото на Земјата која не потсетува на кревкоста на животот на нашата планета и како климатските промени и екстремните временски настани можат да имаат непредвидливи и деструктивни последици.