ВестиПопуларно

Началникот Цмолиќ откри застрашувачки детали: „Данка се разбудила во автомобилот, едниот од нив ја задавил“

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а последното откритие од истрагата ја запрепасти јавноста.

Двајца работници на „Водовод“ од Бор го признаа убиството на малата Данка Илиќ, а деталите од истрагата продолжуваат да го шокираат регионот.

Началникот на Управата за криминалистичка полиција, Нинослав Цмолиќ, во гостувањето на телевизија Информер изнел шокантно откритие.

Имено, откако ја удриле Данка со автомобилот, Јанковиќ и Драгијевиќ мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

„По нивните наводи тие застанале да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. На ГПС било забележано чудно движење на нивното возило. Нивните приказни не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило во текот на возењето, а сопатникот ја задавил Данка. Тие не можат да се договорат кој го извршил давењето, а подоцна ја фрлиле во депонија“, рекол началникот на УКП и додал:

„Деноноќно се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се поклопуваат за деталите за ударот, но не се поклопуваат за самото убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобилот и тие мислеле дека е мртва, па се изненадиле кога се разбудила, а еден од нив ја задавил и на крајот се ослободиле од телото на депонија“.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.