Најзагрозениот морски цицач снимен во Црна Гора: „Не приоѓајте и не го вознемирувајте“
По минатогодишното видео од монашка фока (Monachus monachus) во општина Улцињ, најзагрозениот морски цицач на Медитеранот, повторно е забележан во црногорските води, овој пат во општина Бар, соопшти Институтот за морска биологија. Тие предупредуваат дека доколку го забележите ова животно, не треба да му приоѓате, бидејќи на тој начин дополнително ќе го вознемирите.
„Оваа ретка и драгоцена средба дополнително ја нагласува итноста од потребата да се заштити нашето поморско подрачје“, велат од Институтот.
Се проценува дека во светот има меѓу 450 и 600 зрели единки, а до неодамна се сметаше за критично загрозен вид на планетата.
„Присуството на крзнени монашки фоки во Црна Гора јасно укажува на важноста од континуираните напори за зачувување на овој вид“, велат од Институтот.
Тие предупредуваат дека доколку го забележите ова прекрасно животно, не треба да му се приближувате, бидејќи на тој начин дополнително ќе го вознемирите, пишува RTCG.
„За дополнителни информации контактирајте со Душан Варда и Ѓорѓе Ковјаниќ од невладината организација Медитерански центар за мониторинг на животната средина – МедЦЕМ“, велат од Институтот.