На Балканот пристигнува опасна дрога, во Словенија има случаи на предозираност
Фентанилот, таканаречена зомби-дрога, приситигна на Балканот. Во Словенија веќе има регистрирано случаи на предозираност.
Европа и Балканот се во страв поради ширењето на фентанилот на црниот пазар. Тоа опијат кој се нарекува и зомби-дрога, а можеби сте го слушнале на бројните документарци од САД, земја во која годишно умираат околу 100.000 зависници.
Дејството на фентанилот е слично со морфинот, но е 100 пати посилно.
Проблемот со оваа дрога е што само едно консумирање може да ве претвори во зависник, а мала количина може да доведе до срцев удар. И ненамерно вдишување може да доведе во откажување на белите дробови.
Дилерите го произведуваат во импровизирани лаборатории. Има посилно дејство од хероинот, многу е поветин и полесен за шверцување. Дилерите често го праќаат и преку пошта.