ВестиПопуларно

На повидок првата жена претседател?: Силјановска-Давкова е горда на народот, Николовски побара Османи да не повикува на бојкот

Горда сум на граѓаните, не саmо на оние кои гласаа за мене. Горда сум и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, без нив немаше да го запознаам народот, ниту тој мене и на коалиционите партнери… Посебно сум горда на жените во Македонија, истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Овој резултат е неверојатно инспиративен за мене, она што го ветив, тоа и ќе го остварам, од првиот ден. Доаѓа вториот круг, јас со должна почит ќе се натпреварувам со противкандидатот, истото го очекувам од другата страна.Горда сум особено на граѓаните, а без граѓани нема Македонија!

Одлична атмосфера. Имаме огромна победа. Водиме со 140 илјади гласови и разликата може да оди само нагоре, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за моменталните резултати од првиот круг на претседателските избори и водството на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.

Ќе одиме во втор круг на уште поуверлива победа. Во вториот круг очекуваме и над 61 пратеник на парламентарните избори. Ова е силна порака од македонските граѓани и дека и тие сакаат да бираат претседател. Благодарни сме им на граѓаните, додаде Николоски.

На прашањето колку гласовите на Османи ќе одлучат, вели дека не е паметно да повикуваат на бојкот во вториот круг од претседателските избори.