ВестиПопуларно

„Неверојатен пример кој долго ќе се памти“: Почина мажот кој живееше во „железен бел дроб“ повеќе од 70 години

На 78-годишна возраст почина Пол Александер, кој преживеа детска парализа и живееше во железни бели дробови 70 години.

Надалеку познат како „Полио Пол“, тој се заразил со вирусната болест во летото 1952 година кога имал шест години и останал парализиран од вратот надолу, објави Скај њуз.

Веднаш бил пренесен во болница во Тексас и се разбудил во метален цилиндар каде го поминал остатокот од својот живот.

На својата страница GoFundMe, собирачот на средства Кристофер Улмер напиша дека Пол Александар, човекот во железните бели дробови, починал вчера, додавајќи дека Пол бил „неверојатен модел кој ќе се памети засекогаш“.

И покрај тоа што живеел во метален цилиндар повеќе од 70 години, Александар посетувал универзитет и станал адвокат и автор, според Sky News.

Тој можел да ја остави капсулата неколку часа откако научил да дише, а користел пластичен стап и пенкало закачено на него за да ја допре тастатурата за да комуницира со луѓето.

Состојбата му се влошила во последните години, па често пател од респираторни инфекции и секогаш кога се движел чувствувал болки во нозете.

За време на пандемијата на коронавирус, во интервју за Гардијан во 2020 година, Александар го изрази својот страв од болеста, споредувајќи ја со појава на детска парализа кога бил дете.

Тој се присетил и на реакциите на луѓето кога ќе го виделе, велејќи: „Нема да верувате колку луѓе влегоа во мојата адвокатска канцеларија и го видоа мојот железен бел дроб и прашаа што е тоа“.

Тој нагласил дека секогаш искрено одговарал и објаснувал дека таа машина диши за него.