ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Негувателката која тепала 3-годишно дете во Радишани бегаше од камерите

„Не сакаше да оди во градинка. Кога ја зимав од градинка исто така плачеше. Беше вознимрена“, вели таткото на девојчето на снимката која ја објави “PortaliX”.

И утрово пишувавме за настанот од градинката кој ја потресе јавноста. Девојчето конкренто било тепано од страна на негувателка во групата во која што одело. Било тепано, влечено за коса, кубено, нарекувано со погрдни зборови, малоумна, ретардирана, вели соговорникот на “PortaliX“.

Соочена со камерите на споменатиот портал, негувателката не сакаше да даде одговор на прашањата кои беа поставени.

Таткото вели дека неколку пати се обратиле до директорката и побарале да го расветли случајот. Сепак, таа не соработувала, што сугерира дека била соучесник во целиот случај.

Целата сторија можете да ја погледнете на приложеното видео.