ВестиПопуларно

Нема веќе сликање за пасоши без закажување

Од утре пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување, туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние што имале резервиран термин за фотографирање на територијата на град Скопје до крајот на 2024 година.

Граѓаните што веќе имаат закажано термин ќе им се јават од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Ова се прави со цел да се воведе ред и да се забрза вадењето на документи, велат од МВР.

Во исто време, ослободените термини при прочистувањето на списоците ќе бидат слободни за идни резервации.

Во наредните денови закажувањето термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, велат од МВР.