Нечовечен потег во Велес: Маж паднал и починал на улица, сограѓанка му го украла паричникот
На улицата Илинденска во Велес, жена ограбила починат маж. Според информациите од полицијата, настанат се случил во петокот.
54-годишниот велешанец Т,Ѓ. трагично паднал на улицата и починал. Тогаш до него се приближила 32-годишната сограѓанка Р.С. која му ги одзела парите што ги носел со себе.
Жената е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат до СВР Велес.