ВестиПопуларно

НA ВЕРОНИКА ПО ГРЕШКА СЕ ПЛАТЕНИ РЕЧИСИ 400.000 ЕВРА Во првите 10 минути купила автомобил, фрижидер, плочки, два телевизори… Сега и се заканува затвор за ИЗМАМА

Младата мајка Вероника од Аргентина се најде во центарот на вниманието, кога на нејзината тековна сметка случајно легнале 510 милиони пезоси (околу 390.000 евра). Таа потоа беше обвинета за измама бидејќи успеала да направи неколку набавки пред да биде откриен случајот.

Хаосот за Вероника Акоста започна кога наместо 8.000 евра што ги очекуваше од поранешниот сопруг како алиментација, виде дека на сметката и се уплатени 500 милиони пезоси.

Потроши многу пари

Според аргентинските медиуми, Акоста во часовите по уплатата извршила вкупно 66 трансфери на пари, или за купување сама или на сметки на роднини – поточно, Акоста купила автомобил, фрижидер, два телевизори, микробранова печка, фритеза, а на списокот има и тоалетно седиште и плочки за нејзиниот дом.

https://www.instagram.com/reel/DKAbk3hphsP/?utm_source=ig_embed&ig_rid=8b10cfe2-c78e-464f-b3f3-f89edddc6aa2

Грешката ја открил финансискиот службеник на регионот Сан Луис, а обвинителот поднел тужба против шест лица за измама.

30 милиони за кауција

Судијата дури одлучи дека секој од шесте обвинети мора да плати кауција од 30 милиони пезоси за да избегне притвор.

Од 510 милиони пезоси, наводно, 90 отсто биле вратени, додека останатите 10 отсто биле блокирани во дигитални сметки и електронски паричници.

Направи 12 купувања за 10 минути

Според списите на предметот, 12 трансакции биле извршени во првите 10 минути по погрешниот депозит, додека останатите биле завршени во рок од 24 часа.

Акоста од своја страна се обиде да ги оправда своите постапки тврдејќи дека парите ѝ се многу потребни и кога ги видела парите на сметката се консултирала со својот адвокат, наведувајќи дека „не припаѓа на ниту една група измамници“.

“Мислев дека се 500 илјади, а не милиони. Поради толку голема потреба отидов во супермаркет, му помогнав на семејството и парите им ги префрлив на браќата и сестрите” – објасни Вероника, која сега е обвинета заедно со пет роднини.