(Видео) Објавена снимка од инцидентот во скопскиот бар Мош која покажува што се случувало во барот
„360 степени“ објави видео на кое се гледа што се случувало во познатиот скопски бар.
Гостите во барот кои биле сведоци на настанот тврдат дека припадниците на единицата за недозволена трговија со дрога непречено влегле во објектот и ја спровеле својата акција.
Инцидент и нетрпеливост помеѓу едниот и другиот учесник внатре во барот воопшто и немало, туку сè се случило при излегување на единицата, кога иницијаторот на инцидентот на самиот излез започнал и испровоцирал вербална пресметка, што се гледа на снимката од безбедносните камери, пишува “Точка”.