Вести

Ова се земјите со најмногу бездомници во светот: Во една нема ниту еден бездомник!

На ТикТок профилот “truestorydocschannel” се појави видео кое прикажува во кои земји има најголем број на бездомници.

Иако можеби помисливте на САД, оваа држава ја нема во ТОП 5.

Наратарот во видеото прво ни кажува дека единствената земја во светот во која нема ниту еден бездомник е Ватикан. Прилично очекувано, нели?

На петото место според бројот на бездомни луѓе се наоѓа Сирија. Можеби не ви текнува на оваа од војна уништена земја од прва, меѓутоа кога ќе ви текне колку долго траеше војната, па колку луѓе ја напуштија државата, па владеењето на ИСИС, нејзината позиција добива некаква логика. Моментално во Сирија има 5,3 милиони бездомници.

На четвртото место е Бангладеш со 5,3 милиони бездомни луѓе, додека, можеби изненадувачки, на третата позиција се наоѓа Мексико со, верувале или не, 14 милиони бездомници.

На втората позиција е Индија, каде има 18 милиони бездомници, а додека убедливо најмногу луѓе без покрив над главата има во Нигерија – вкупно 25 милиони.