“Од сега, пред секој собир на ОН, ке збориме за Југославија!” – Претставникот на Русија во ОН бесен на остатокот од советот
Руските претставници во ОН не беа воопшто среќни, откако Франција блокираше состанок на советот за безбедност на ОН на датумот кој одбележува 25 години од бомбардирањето на Југославија
Претставникот на Русија во советот за безбедност на Обединетите Нации, Димитри Полански, изреагира доста жестоко кога беше спречен собир за Југославија. „Веќе нема да водиме бизнис како што сме воделе до сега“ – луто кажа тој.
„Ова е многу сериозен момент – на поттик на Франција, на една членка на Советот за безбедност му беше скратено правото да свика состанок. Со ваквата постапка нашите западни колеги сериозно се излажаа. Наместо да одржиме мирен состанок на кој ќе мрморат тези за „руска пропаганда“, сега пред секој состанок на Советот за безбедност, додека не се договориме како да избегнеме слична ситуација во иднина, агресијата на НАТО во Југославија ќе се споменува пред камери, кои исто така ќе бидат вклучени во записниците од сите претстојни состаноци“
Полански исто така имаше критики и за Германија, Данска и Шведска во врска со малиот број на посети кој го имале до уништениот гасовод и како што кажува тој, “Не ни извршија правила истрага”