Вести

Што ќе се јаде во Охрдискиот затвор: За затворениците нарачани суџук, класа Л јајца, говедско, пилешко, чоколаден пудинг…

Суџук, класа Л јајца, говедско, пилешко, чоколаден пудин, кафе, шпагети, кравјо сирење…

Охридскиот затвор на тендер бара 250 килограми кравјо сирење, 5000 јајца од класата Л со тежина помеѓу 63 и 73 грама, конзервирани корнишони, говедски и пилешки месен нарезок и по 50 килограми пудинг од чоколадо и мешан мармалад, за потребите на затворениците, пишува “A1on“.

Покрај тоа, затворенциите ќе пијат обезмастено млеко во прав, ќе јадат 200 кила говедско, 100 кила пилешко и 100 кила говедски суџук.

Во набавката меѓу другото има и 13.000 лебови, зденка, шпагети 120 пакувања кафе.

Во статијата на A1on можете да видите колку чинел тендерот и кои компании го поделиле.