Падна и Авдивка! Украинските сили се повлекоа од овој град
Новиот началник на украинската армија утрово изјави дека украинските трупи се повлекле од целосно срушениот источен град Авдивка.
Со ова се отвора патот за најголемиот напредок на Русија од мај 2023 година, кога го освои градот Бахмут.
Повлекувањето беше најавено бидејќи Украина се соочува со недостиг од муниција поради неусвојувањето на резолуцијата за американската воена помош во Конгресот.
Генералот Олександр Сирски, кој го презеде раководството на украинската војска изјави дека украинските сили се вратиле на побезбедни позиции. Пред војната, во Авдивка живеаа 32.000 луѓе.
„Одлучив да ги повлечам нашите војници од градот и да почнам одбрана од поповолни линии за да ги спасам животите и здравјето на војниците“, беше цитиран тој во соопштението на вооружените сили.
Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изајви дека градот е изложен на ризик да падне во рацете на руските сили поради недостиг на муниција и одбивањето на Конгресот да одобри нов пакет помош за Киев.
Русија ја засили офанзивата на Авдивка во октомври.