Паника во Тихиот Океан: Пожар зафатил брод со 3.000 возила, од кои 800 електрични
Американската крајбрежна стража штотуку потврди драматичен инцидент во Тихиот Океан – избувна пожар на товарниот брод „Морнинг Мидас“, кој превезува околу 3.000 автомобили, од кои 800 се електрични возила. Најпрво беше забележан чад како се издига од палубата каде што беа сместени електричните возила, а екипажот веднаш покрена процедури за гаснење во итни случаи користејќи ги системите за гасење пожар на бродот.
Инцидентот се случил околу полноќ по локално време во Тихиот Океан, на околу 1.900 километри од пристаништето Енкориџ, додека бродот пловел кон Лазаро Карденас, Мексико. Целиот екипаж од 22 члена е безбедно евакуиран од бродот.
Три бродови во близина пружиле помош, додека екипи на крајбрежната стража се на пат кон местото на настанот. “Morning Midas” тргна од Јантаи, Кина на 26 мај и требаше да пристигне во мексиканското пристаниште на 15 јуни.
Електричните возила под лупа по серија пожари
Товарниот брод Morning Midas плови под либериско знаме, изграден е во 2006 година, а управуван од лондонската компанија Zodiac Maritime. Обемот на пожарот и деталите за штетата на бродот се уште остануваат непознати.

По неколку случаи на пожари предизвикани од електрични возила на бродови, транспортот на вакви возила е под голем лупа. Германските осигурителни компании долго време ги повикуваат бродските компании да ги подобрат системите за гаснење пожари на пловните објекти за да можат ефикасно да ги гаснат можните пожари на возилата со батерии.
„Електричните автомобили не горат почесто од возилата со мотори со внатрешно согорување, но горат поинаку“, вели Јерг Асмусен, генерален директор на Здружението на германската осигурителна индустрија. „Наместо да го вперуваат прстот кон возачите на електрични автомобили кои на овој начин инвестираат во одржливоста, сопствениците на бродските компании треба добро да се подготват за одредено време со значително повеќе електрични автомобили.
Конвенционалните системи за гаснење се несоодветни за литиумските батерии
Асмусен предупредува дека конвенционалните морски системи за гаснење јаглерод диоксид не работат при гаснење на батерии на електрични возила. “Системите за гаснење сè уште се исти како што беа пред 50 години. Затоа мораме суштински да ги промениме системите за откривање и гаснење пожар на палубата и под него. Во спротивно, повеќето пожари ќе останат неконтролирани, особено оние кои вклучуваат литиум-јонски батерии”, предупредува експертот.