ВестиПопуларно

Патник почина во авион на лет од Бугарија! Трагедијата ги шокираше сите на летот, пилотот принудно слетал

Патникот пред смртта не се чувствувал добро во авионот, потврдиле и други патници.

Патник на летот Бургас – Ливерпул ненадејно починал од срцев удар, потврдија вработените во Jet2.

Патникот, како што кажале и останатите патници, во еден момент почнал да се гуши и се видело дека воопшто не е добро.

Тој поминал два часа во авионот пред да доживее срцев удар, а пилотот откако бил информиран за смртта на патникот, морал да го пренасочи авионот од Ливерпул и да слета во германскиот град Келн.

Според стјуардесите, тие направиле сè што е во нивна моќ за да го одржат патникот во живот, но реанимацијата била неуспешна.

Останатите патници се префрлиле во друг авион на компанијата Jet2 и сепак пристигнале во Ливерпул во текот на вечерта.

„Потврдуваме дека еден патник за жал го загуби животот поради срцев удар. Со ова му изразуваме сочувство на неговото семејство во тежок момент за сите“, изјави портпаролот на компанијата Jet2.

Ова не е прв случај на смрт во авион во текот на месец септември.

Во текот на годината, некои стјуардеси објавуваа видеа на социјалните мрежи на кои демонстрираа како да им помогнат на патниците за време на летот доколку имаат проблеми со дишењето.

Двете британски стјуардеси истакнале и дека ги „скенираат“ патниците за време на качувањето и набљудуваат како се однесуваат и дали некој од нив има здравствени проблеми на стартот.