ВестиПопуларно

Погледнете кои светски претставници дојдоа на погребот на папата Франциско (ФОТО)

На погребот на папата Франциско присуствуваа околу 200.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 160 службеници од целиот свет.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Олаф Шолц присуствуваа на последниот погреб на починатиот поглавар на Римокатоличката црква.

Американскиот претседател го прекрши протоколот затоа што на погребот не дојде во црно одело, додека неговиот претходник на позицијата Џозеф Бајден носел црно, како што налага протоколот.

На погребот исто така присуствуваа италијанскиот претседател Серџо Матарела како и унгарскиот премиер Виктор Орбан

На погребот на папата Франциско дојдоа претставници на бројни кралски семејства.

Таму беа британскиот принц Вилијам, шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција, белгискиот крал Филип и кралицата Матилда, шведскиот крал Карл Густав 14-ти и кралицата Силвија, како и данската кралица Марија.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин, австрискиот канцелар Кристијан Стокер, полскиот претседател Анджеј Дуда, летонскиот претседател Едгар Ринкевиќ, бугарскиот премиер Росен Јелиазков, молдавската претседателка Маја Санду и украинскиот претседател Владимир Зеленски исто така пристигнаа во Ватикан за да го видат папата Франциско.