Познат музичар со сопругата и ќерката бил на саемот во моментот на терористичкиот напад: „Многу светла и смеа, а потоа хорор“
Не можеше да ја сокрие тагата за се што се случи, а потоа им се заблагодари на сите кои им помогнаа на повредените.
Густав Шефер, тапанарот на бендот Токио Хотел, во петокот бил на божиќниот пазар во Магдебург, каде се случил страотен терористички напад, по што проговорил и ги открил деталите.
Музичарот на социјалната мрежа Инстаграм ги опиша настаните кои му претходеа на ужасниот напад, а потоа упати силен апел до сите.
“Не можам да го опишам со зборови во моментов она што се случи во нашиот град Магдебург. За среќа, ние сме добро, но многу луѓе не се. Моите мисли се со секој кој изгубил близок”, 36-годишниот музичар. напиша на својата приказна на Инстаграм. На божиќниот пазар дошол со сопругата и ќерката, а само неколку моменти подоцна се случил нападот.

Бевме само малку подалеку од моментот кој на многумина смени сè“, објави тој подоцна со друга објава.
“Вчера требаше да биде безгрижен ден на божиќниот пазар во Магдебург – полн со светла, смеа, љубов… Бевме само малку подалеку од моментот кој промени се за многумина. Ништо не ни се случи и вечно сме благодарни За тоа, се чувствувам како светот да застанa за момент. Грижете се и бидете со вашите најблиски. Ви благодариме на сите што помогнавте на лице место“, напиша Густав на Инстаграм.
Густав Шефер живее со семејството во родниот град Магдебург. Останатите членови на бендот, близнаците Бил и Том Каулиц, моментално живеат во Лос Анџелес.

Сè се случи за три минути
Возачот удрил во толпата луѓе кои се движеле кон градското собрание. Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.
Напаѓачот најпрвин мирно возел покрај масата луѓе пред да сврти десно кон градското собрание. Во тој момент, тој забрзал и продолжил да вози низ божиќниот пазар. Потоа сврте лево кон главната улица. Тој повторно се свртел и продолжил да вози кон железничката станица пред да биде запрен од полицијата на клучката. Се се случи за три минути.
Доколку сакате да го видите нецензурираното видео, кликнете ТУКА