ВестиПопуларно

Покачена цената на имотните листови. Поради поскапата струја и платите, катастар ги зголеми цените!

Во државава кога може да расте цената на се, зoшто да не расте и цената на имотните листови?

Геодетските и катастарските услуги поскапеа за граѓаните, а како причини за поскапувањето се наведени поголемите плати, поскапа струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување и сл.

“Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници” изјавија од Агенцијата за катастар.

По новиот тарифник, за промена на сопственост ќе бидат потребни 3 имотни листови кои ке чинат 1250 денари по имотен лист и уште 600 денари за нотарски услуги, што е вкупно 4350 денари.

„Цената на имотниот лист кој го издава Агенцијата за катастар на недвижности, а се однесува на имотот на граѓаните останува непроменет и тој изнесува, како и до сега 250 денари. Првиот упис на имот во Катастарот чини 1250 денари по имотен лист. Во претходниот Тарифник овој надоместок се наплаќаше по правен основ, односно поднесено барање и во еден правен основ можеше да се содржани неограничен број на имотни листови. Сегашниот надомест останува непроменет, но се однесува на еден имотен лист. Овој надоместок се наплаќа само при првиот упис и кога се менува сопственикот. Секое следно вадење имотен лист останува со цена од 250 денари“, појаснија од Катастар.

Ако новиот сопственик купува недвижнина, тоа ќе го чини дополнителни 1250 денари.

За преобележување на имотен лист во фаза на градба, инвеститорот ќе плаќа по 5250 денари по имотен лист, а бришење на преобележување чини поевтино, односно 2625 денари

Според новиот тарифник, поскапени се и геодетските услуги. Со овој тарифник се утврдува надоместокот за геодетско-катастарските услуги кои го наплаќаат трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи на Република Северна Македонија.

Новиот тарифник стапи на сила на 15 февруари.