ВестиПопуларно

Полицијата има нова насока во потрагата по малата Данка, се проверуваат мобилните на родителите

Малата Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, од кога околу 13 часот се губи нејзиниот траг во Бањско поле кај Бор, сè уште не е пронајдена. После 27 часа полицијата ја прекина теренската потрага поради нивното верување дека девојчето не се наоѓа на подрачјето од 10 квадратни километри.

Засега истрагата се одвива во друга насока, следните три индикации покажуваат поголема важност за пронаоѓањето на исчезнатата Данка.

Вештачење на мобилниот телефон на мајката

Полицијата го земала мобилниот телефон на Ивана Илиќ, мајка на исчезнатото девојче, за понатамошно испитување, дознава „Блиц“.

Полицијата тоа го направила како дел од пошироката истрага за сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Податоците од телефонот на мајката на Данка би можеле да укажат на нови детали или луѓе од значење за случајот.

Покрај анализата на телефонот на Ивана, двајцата родители биле однесени во полициска станица на разговор за исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка.

Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат ниту една можност додека се детално не се истражи.

После прекинот на теренската потрага за исчезнатата Данка Илиќ, полицијата води детална проверка на базните станици околу Бањско поле за да ги провери податоците на мобилните телефони во околината, за да се утврди движењето на луѓето во околината и периодот кога исчезнала Данка.

Вкрстувањето на овие податоци со изјавите на сите лица со кои полицијата разговараше по исчезнувањето на девојчето може да укаже на можни недоследности во изјавите и да отвори нови можности во истрагата.

Досегашните резултати укажаа на нов правец во кој треба да оди истрагата. Пребарувањето на теренот е прекинато, но работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана.

Проверка на деталите од пријавата за исчезнувањето на малата Данка

Иако теренската потрага е прекината, истрагата за исчезнувањето на Данка продолжува, а сега се проверуваат приватниот живот и контактите на сите членови на семејството. Повторно нивните изјави се анализираат, како и деталите од пријавата на мајката на Данка за исчезнувањето на детето – времето на кобниот настан, каде отишле пред исчезнувањето, а каде отишла мајката по исчезнувањето.

Најмалку се знае како дошло до исчезнувањето на Данка. Не е јасно како девојче старо само 22 месеци успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.

Поранешниот началник на управата за криминалистичка полиција Миле Новаковиќ за „Блиц“ изјави дека фактот што полицијата го истражува семејството на Данка не значи дека тие се виновни за нешто.

„Кога нема резултат од теренската истрага тогаш мора да се прошири истрагата. Се почнува со истрага на околината, па полиграфско испитување на родителите или членови од семејството за да се оттргне сомнежот од нив дека нешто му направиле на детето“ – изјавил Новаковиќ.