Популарен гостин на Џо Роган, активист за кривична правда, уапсен откако е најдена отсечена глава во неговиот апартман
Шелдон Џонсон кој е активист за кривична правда и екс затвореник гостуваше на поткастот на Џо Роган кај што разговараше за погрешно приведени американци а неодамна беше уапсен откако беше најдена отсечена глава во неговиот апартман
Според соседите на жртвите, тие слушнале како го молат Џонсон на помилување а потоа слушнале два истрели.
Во апартманот, полицијата најде човечко тело без раце и нозе во сина канта и глава во замрзнувач.
Безбедносните снимки го покажуваат Џонсон како пристигнува во апартманот со сината канта, а потоа се враќа неколку пати во различна облека.
„Те молам немој, имам фамилија!“ извикала жртвата според соседите моменти пред да биде убиена.
Откако беше приведен во хазмат костим и лисици го прашаа зашто го сторил делото, тој им одговори дека невин.
На поткастот на Џо Роган, Џонсон кажуваше за неговото време во затвор и како се залагал за реформи во кривичното право. Исто така кажа дека ќе си го променел живот.