Порно-актерката Кагни Лин Картер пронајдена мртва! Пријателите тврдат дека си го одземала животот
Телото на порно актерката било пронајдено во нејзиниот дом во Охајо каде што наводно си го одеземала животот со сачмарка
Кагни Лин Картер која се прослави со нејзините улоги во мнозина на порно филмови е пронајдена мртва со својот дом на возраст од 36 години.
Како што наведуваат нејзините пријатели, таа веќе долго години се борела со ментално здравје и на крајо сама си го одземала животот.
“За жал, и покрај сите нејзини многу импресивни достигнувања и таленти, Кагни се бореше со проблеми со менталното здравје како што минуваа годините. Дури и во нејзините најтемни денови, таа сè уште се појавуваше во студиото, секогаш подготвена да учи, да придонесе, да се усовршува на кој било начин. Колку и да несомнено се чувствуваше осамена во границите на сопствената глава, таа продолжи да се труди да се појави пред нејзините пријатели и пред заедницата што се грижеше за неа. Таа ги водеше сопствените битки со истата истрајност и жар што ја покажуваше во секоја друга област од нејзиниот живот, со онолку сила колку што можеше да собере.”
Кагни прв пат се најде во порно светот во 2000 година и во текот на својата кариера ке освои сите награди во нејзината област. Меѓудругото, таа исто така работела како танчерка на егзотични места пред да се посвети на танц на шипка.
Како што пренесуваат американските медиуми, таа си го одземала животот пукајќи си во уста со сачмарка во својот дом.