Последните зборови на Адолф Хитлер: Руски документи ја откриваат вистината
Руски документи, првпат јавно достапни, откриваат шокантни детали за последните часови од животот на Адолф Хитлер – што носел, како извршил самоубиство, кои биле неговите последни зборови и како неговото тело било идентификувано.
Осум децении по неговата смрт, руската разузнавачка служба објави декласифицирани документи што фрлаат ново светло врз настаните од 30 април 1945 година, кога Хитлер си го одзел животот во бункерот во Берлин, во моментите кога Третиот Рајх се распаѓал.
Што носел Хитлер во моментот на самоубиството
Неговиот аѓутант, Хајнц Линге, запишал со прецизност:
„Носеше бела кошула со јака, црн елек, сиво сако со двојно копчање од квалитетен габардин материјал, долги црни панталони и тенки црни чорапи.“
Ева Браун, неговата сопруга, била облечена во „свилена фустан, тенки свилени чорапи и чевли со дебели потпетици, најверојатно италијанско производство.“

Последните зборови на Хитлер
Првпат се објавува што Хитлер му рекол на Линге непосредно пред да изврши самоубиство.
Кога Линге го прашал: „Фиреру, на кого да се фокусираме за пробив кон Западот?“, Хитлер одговорил:
„За доброто на она што доаѓа.“
Историчарите оваа фраза ја толкуваат или како мистерија, или како повик кон идеолошко „наследство“.

Како било идентификувано телото
Според документите прикажани на руската државна телевизија, телото било пронајдено на околу три метри од влезот во бункерот, на 8 мај 1945 година, покриено со земја. Во устата му биле пронајдени парчиња стакло од ампула, присутен бил остар мирис на горчливи бадеми и знаци на труење со цијанид – што го потврдува методот на самоубиство.
Крај на митот за Хитлеровиот „двојник“
Долги години постоеле сомнежи дека телото можеби му припаѓало на двојник и дека Хитлер избегал. Меѓутоа, советските власти заклучиле дека ДНК анализата, забите и другите физички докази недвосмислено го потврдуваат неговиот идентитет, пренесува “Gazzetta”.