ВестиПопуларно

Починати четири бебиња во Белград поради голема кашлица

Бројот на разболени од голема(црна) кашлица расте, како во Србија, такa и во Македонија. Лекарите даваат одговор на тоа дали треба да се вакцинираме против кашлицата?

Во Белград, за жал, починаа четири бебиња поради голема кашлица. Бројот на заболени расте на балканот, и кај деца, и кај возрасни. Ако се прашувате дали треба да се вакцинирате против ова заболување, според епидемиолозите најбезбедно е да се прима вакцината на секој 10 години.

Според статистиките, најчесто заболени се деца од 10 до 14 годишна возраст и од 15 до 19 годишна возраст, а бројката се зголемува и кај возрасните.

Јавноста во Србија беше шокирана од веста за тажното преминување на четирите бебиња во институтот за мајка и дете „Др Вукан Чупиќ“ поради големата кашлица. Сите четири бебиња беа на возраст помлада од 3 месеци, што значи немале примено ни прва доза од вакцината против кашлица. Според извештаите, најголем број на заразени лица се деца кој се во основно школо или малку постари, кои се вакцинирале прв пат точно пред 10 години. Според овие податоци, вакцината за голема кашлица е неопходна кај постари деца, но исто така и кај возрасните, како и лица над 65 кој се во ризична група.

Кај децата, заштитата најчесто трае до 5-то одделение. Српскиот епидемиологот Зоран Радованович изјавува „Доколку се вакцинираат повеќе од 95%, тогаш постигнуваме колективен имунитет и тогаш болеста ке се јавува спорадично, но никако во размерите во којшто е моментално. Децата треба да се вакцинираат по 8-мата недела од раѓањето, никако пред тоа, бидејќи имунолошкиот систем недоволно созреан за да ја прифати вакцината“