ВестиПопуларно

Почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на поранешна Југославија

Денеска, Велибор Џарвоски-Џаро почина на 75 годишна возраст по кратко боледување.

Џаро во текот на својата кариера сорабутаваше со најголемите ѕвезди на естрадата. Исто така беше добро познат по “местење” на фудбалски натпревари, нешто кое тој самиот го имаше потврдено.

Некои од ѕвездите кои ги преставуваше се Бело Дугме, Мишо Ковач, Здравко Чолиќ, Лепа Брена и многу други. Своевремено изјави дека организирал 5000 концерти и безброј турнеи во текот на неговата долга кариера.

Џаро остави силен впечаток во југословенскиот фудбал, каде што според неговите информации, имал наместено повеќе од 80 натпревари во секаков ви натпреварување.