Почина возач на брза помош кој пренесувал повредени од трагедијата во Кочани
Иле Гоцевски, возач на брза помош во Кочани, кој цела ноќ помагал со пренесување повредени од пожарот во Кочани, починал утрово пренесува Skopje1
Ненајдената смрт на Гоцевски била шок за целиот тим од болницата. Тој вчера во текот на цела вечер ја извршувал својата должност, давајќи се од себе, а кога ја завршил својата работа, се вратил дома да одмори, и за жал не се разбудил.

Гоцевски беше опишан како пожртвуван и посветен работник, секогаш бил подготовен да помогне без оглед на околностите. Ќе биде запамтен по грижата што ја покажувал кон пациентите, и несебично даваше се од себе за да спаси други животи.
