ВестиПопуларно

ПОЧИНА САША ПОПОВИЌ! Основачот на Гранд продукција ја загуби битката со тешка болест

Со децении беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата откри и поддржа многубројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.

По кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција. По тој повод, беше испратено соопштение за јавноста:

„Со неизмерна тага ја информираме јавноста дека денес, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција.“

Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.

Со децении беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата откри и поддржа многу таленти, обликувајќи го звукот и духот на едно време.

Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат вечно низ песните, уметниците, емисиите и сето она што го создаде. Наследството што го остави е немерливо и остави белег на времето во кое живееше.

Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек – сопруг и татко, кој најголемата среќа ја наоѓаше во кругот на своите најблиски. Во брак со Сузана, со која делеше години љубов и поддршка, ги одгледа Александра и Даниел, на кои им беше неизмерна поддршка и ослонец.

Неговата харизма, неуморна работа и страст кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе продолжи да живее низ сите кои имаа привилегија да работат со него и сите чии животи ги допре.

Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително соопштени.

Нека почива во мир.