Прелиминарниот извештај откри шокантни детали за момчето кое на смрт беше избодено од мајка му! Откриено и зошто го направила тоа?
Соседите положија свеќи, полнети играчки и цвеќиња пред зградата во која се случи злосторството, а како што велат сè уште не можат да поверуваат дека тоа навистина се случило.
Целата заедница е во шок по грозоморното убиство кое се случило во нивната населба во Фаворитен, Виена, кога мајката Елифнур О. (29), по потекло од Турција, го избодела до смрт својот четиригодишен син. Наводно, мајката имала психички проблеми, а се верува дека го убила детето во состојба на психичко растројство.
Соседите положија свеќи, полнети играчки и цвеќиња пред зградата во која се случи злосторството, а како што велат сè уште не можат да поверуваат дека тоа навистина се случило.
На местото на злосторството владее морничава тишина, а голем број луѓе дојдоа да му оддадат почит на невиното момче.
Мајката беше опишана како љубезна, самопожртвувана жена, која на моменти изгледаше преоптоварено и често бараше совет од други мајки во паркот бидејќи „не знаеше што да прави“. Работела во градинка како асистент.
Елинфур набргу по извршеното кривично дело е уапсена во видно лоша психичка состојба и со расекотини кои очигледно самата си ги нанела. Иако повредите не се опасни по живот, таа е во болница и сè уште не е прегледана.
Прелиминарниот форензички извештај откри шокантни детали – малото дете било покриено со исеченици и убодни рани. Инспекторите го заплениле оружјето со кое наводно се извршило убиството.
Да потсетиме, делото се случило во неделата, околу 07:30 часот, а според пишувањата на медиумите, во станот во моментот на злосторството бил и сопругот на осомничената и таткото на момчето, кој ја повикал итната помош и полицијата.
Кога екипите пристигнале на местото на настанот затекнале шокантна сцена, таткото облеан во крв обидувајќи се да го спаси синот. Кога сфатил дека на момчето нема спас, седнал на скалите и неутешно плачел.
„Неутешни сме. Срцата ни се скршени, не веруваме дека ова слатко детенце е мртво. Со часови се надевав дека е несреќен случај“, вели Хасрет Д.(34), добра пријателка на осомничениот за убиството.
Мотивот на злосторството сè уште не е утврден.