ВестиПопуларно

Претседателот на оваа земја ги собра сите службеници од Владата во една соба – за да им каже дека се под истрага за мито

Контроверзниот претседател на Ел Салвадор, Најиб Букеле, ги собрал сите службеници од Владата во една соба и им соопштил дека се под истрага за мито.

„Можете да видите дека сите што сте во собава сте од извршната власт. Освен еден човек. Освен јавниот обвинител. Тој не е дел од извршната власт. Ама тука е со нас од едноставна причина. Тука е за да го замолам јавно да ги истражи сите кои се во оваа просторија. Можам да замислам дека никој од вас нема проблем со тоа“, вели тој.