Пронајдена мртва на роденден: Млада Израелка која го преживеа масакрот на фестивал си го одзеде животот
Се самоуби девојката која го преживеа масакрот на фестивалот во Израел.
На нејзиниот 22 роденден, Ширел Голан, девојката која го преживеа масакрот на фестивалот Нова во Израел, беше пронајдена мртва. Нејзината битка со посттрауматско стресно растројство, последица на масакрот извршен од Хамас на 7 октомври 2023 година, заврши со трагедија. Нејзиниот брат, Ејал Голан, ја обвинува државата Израел за нејзината смрт, тврдејќи дека не ја добила потребната помош.
Ширел Голан беше една од девојките кои го преживеаја масакрот на фестивалот „Нова“, каде терористите на Хамас убија 364 лица. Откако ја преживеала траумата, таа покажала симптоми на посттрауматско стресно растројство, но според нејзиниот брат, не добила соодветна помош од државата. На нејзиниот роденден таа се самоуби.
„Државата Израел двапати ја уби сестра ми. Еднаш во октомври, психички, а вториот пат денес, на нејзиниот 22 роденден, физички“, изјави Ејал Голан за локалните медиуми.

Ширел била на фестивалот со своето момче Ади, кога терористите на Хамас извршиле инвазија. Со часови се криеле во грмушките, а потоа со други луѓе избегале со автомобил.

