Русија и Кина се подготвуваат, не зборуваат за раси и полови, и доаѓаат по тоа што го имаме
Константин Кисин е Руско-Британски сатиричар, автор ко-водител на поткастот “Triggernometry”. Стана познат по својот говор на еден британски универзитет, кога зборуваше за тоа колку “woke” културата е отидена предалеку.
Во едно друго интервју, ќе ни простите ако е постаро и ако го касниме, тој вели дека Русија и Кина доаѓаат по тоа што го има Западот.
„Луѓето во Русија и Кина не седат наоколу и не зборуваат за политика на идентитет(раса, пол, социјален статус). Како што кажав неодамнам, тие се подготвуваат. И сега почнувате да гледате…
Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи зборуваше за тоа пред неколку дена, дека целта на тоа што го прават во Украина е да ја истераат Америка од источна Европа и да стават крај на американската глобална доминација. Тоа го сакат тие луѓе“, вели Кисин па додава:
„Немојте да бидете во заблуда, доаѓаат по тоа што го имаме“.
Кисин вели дека популацијата на Западот мисли дека живее во некое магично виножито.
„Не живееме во некое обоено, магично виножито во кое луѓето сакаат да живеат среќно и да тргуваат или било што, има многу луѓе во светот кои само го сакаат тоа што ние го имаме – и доаѓаат“.