ВестиПопуларно

Светот може да се соочи со нуклеарна катастрофа за само неколку недели

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали да преземе воена акција против таа земја.

„Иран веќе располага со сè што му е потребно за да дојде до нуклеарно оружје. Сѐ што недостига е одлука од врховниот лидер, а по неа би биле потребни само неколку недели за да заврши процесот на производство на тоа оружје“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Да потсетиме, на прес-конференција, секретарката за печат на Белата куќа, Каролина Левит, пренесе директна порака од претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Знам дека има многу шпекулации… во врска со одлуките на претседателот и дали САД ќе се вклучат“, рече Левит.

Таа изјави дека претседателот Трамп ќе донесе одлука дали ќе нареди напад во наредните две недели.